Кузеска: Државата спасува 250.000 работни места, пакетот мерки позитивно оценет и од ММФ
„Сите фирми погодени од кризата, поточно секој работник од државата добива по 14.500 денари, плата за месеците април и мај.
Оваа мерка значи поддршка на секој работник, но значи поддршка и за занаетчиите, самостојните дејности, спортските работници, уметниците…
Управители и сопственици на бизнисите вработени во фирмите исто така ќе можат да ја користат оваа мерка.
Преку развојната банка веќе се реализираат бескаматните кредити наменети за фирмите погодени од кризата. Досега, одобрени се кредити со 0 отсто камата за 136 компании со над 1.700 вработени.
Поради големата заинтересираност, покрај првичните 5,7 милиони евра, Развојната банка стави на располагање дополнителни 8 милиони евра за бескаматни кредити за компаниите.
Економските политики што ги спроведе Владата предводена од СДСМ ја задржа довербата на меѓународните финансиски институции во нашата економија.
Мерките што се спроведуваат се добро оценети од страна на ММФ и затоа поддршката од 176 милиони евра е двојно поголема од првично предвидените.
Овие средства значително ќе помогнат во побрзо и полесно надминување на економските последици од коронавирусот.
Владата, институциите продолжуваат со реализација на економски мерки и политики кои обезбедуваат задржување на работните места и сигурни приходи за сите вработени се до надминување на кризата од коронавирусот.
За нас секое работно место е важно, важен е секој работник и секоја компанија“ рече на прес- конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа