ВМРО-ДПМНЕ: Нина се однесува како Алиса во земјата на чудата, нема бизнисмен кој ги поддржува нејзините мерки

 

Нина Ангеловска изгубена во времето и просторот се однесува како Алиса во земјата на чудата и незнае дека нема бизнисмен и гранка која ги подржува мерките, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Нина Ангеловса.

„Намерата на Нина Ангеловска и Зоран Заев да ја разгледуваат можноста за покачување на акцизата на горивата е доказ дека тие ја разбираат кризата како можност да се удри по граѓаните и да им се одземат пари за да се покрива расипништвото на СДСМ.

Срамно е во кризни моменти да се ставаат раце во плитките џебови на осиромашените граѓани.

Македонската економија е во колапс, а владата на СДСМ не презема ништо. 

Мерките кои што ги презентира Нина Ангеловска за стопанството се несериозни, задоцнети и не доволни и не значат никаква помош, напротив само продлабочување на тешката ситуација во која се наоѓа државата.

Додека владата и Ангеловска тврдат дека ќе бидат поддржани дури 250.000 вработени или повеќе од 35.000 компании, во реалноста граѓаните се сведоци дека многу мал број на фирми аплицираат за мерките и  веќе се започнати масовни отпуштања од страна на компаниите кои се соочуваат со проблеми на неликвидност.

Неделувањето на власта веќе остави над 20% од вработените во државата без работа.

 

Граѓаните со право се исплашени за себе и за животната егзистенција на своите семејства“ стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2020 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега