Српската Влада одлучи: Јованка ќе биде погребана во Куќата на цвеќето

Српската Влада на денешната седница одлучи вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз, која вчера почина на 89-годишна возраст, да биде погребана во куќата на цвеќето, во просторија покрај гробот на Тито.

Денеска треба да се одржи и првата седница на организациониот одбор на која ќе присуствуваат и членовите на фамилијата на Јованка, на која ќе се одлучи и во колку часот и кога Јованка ќе биде погребана.

Инаку, таа почина вчера на Клиниката во Белград.

21.10.2013 - 11:41