ВИДЕО: Медицинкса сестра пееше во болница за своите колеги, па го воодушеви светот
Медицинската сестра Лори Ки од американската држава Мичиген одлучи да ги развесели колегите кои лекувале пациенти со Ковид-19 пеејќи ја песната Amazing Grace. Снимките на 28- годишната сестра за време на смената стана хит на интернет, а собра илјадници лајкови и реакции на социјалните медиуми.
„Добив многу реакции. Се чувствувам благодарна и зачудена“, изјави Лори.
"Ме замолија да запеам за време на нашата утринска причест. Оваа недела беше лудница на нашиот кат. Потребна ни е благодатта и милоста на Господ да нè водат низ ова време. Останете дома. Молете се за болните и здравствените работници кои се изложени на ризик секој ден." , Додаде Лори.
Медицинската сестра открила дека потекнува од музичко семејство, а исто така пеела во црковен хор уште од малечка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа