Внуката на Тито: Мојот дедо никогаш не ја споменуваше Јованка!

Внуката на Јованка Броз и Јосип Броз Тито, Саша Броз, по повод смртта наЈованка Броз се огласи на социјалната мрежа Фејсбук.

 - "За некое чудо пропуштивте да ја информирате нацијата дека мојот дедо никогаш и никаде на никому не му рекол каде сака да биде закопан...Исто така пропуштивте во последните 11 години од животот на мојот дедо, Јованка не била присутна на ниту едно семејно собирање. Мојот дедо никогаш не ја споменувал. Ја видов дури на погребот на мојот дедо, на кој беше само затоа што ја побараа мојот татко и чичко“, напиша внуката.

Инаку, Јованка Броз почина вчера на 89-годишна возраст.

21.10.2013 - 10:49

најчитано сега