Астронаут кој поминал речиси една година во вселената со совети како да преживееме во изолација

 

Астонаут на НАСА, Скот Кели поминал 340 дена во вселенско летало каде бил изолиран од семејството и пријателите.

Со самото тоа нема подобар човек од него да не посоветува како да се самоизолираме додека постои пандемијата со коронавирусот.

Кели нашол начин како да се носи со проблемот наречен „осаменост“ во текот на работата и животот во лабараторија која кружи над земјата.

Правилно распоредете си го денот

Обидете се да имате распоред  и секој ден да работите доволно, спиете, а важно е и да вежбате. Ако работите од дома, важно е да се почитува работното време. Работата ќе ве чека и утре.

Најдете ново хоби или освежете го старото

Времето мора да го исполните со некое хоби. Почнете онлајн курсеви за странски јазици, искористете го слободното време или научете да свирите на некој инструмент.Тоа е добро за развивање на мозокот,здравјето, па дури и за продуктивност.

Закажете видео состаноци со пријателите и семејството

Особено е важно да имате контакт со блиските кои не можете да ги видите физички.Бројни истражувања покажуват дека тоа е добро за нашето ментално здравје и ја чува нашата социјална поврзаност.

„Никогаш не пропуштив да имам видеоповик од семејството и пријателите. Го обожавам тој дел од денот“ закчлучил Кели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2020 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега