На Ѓорѓе Давид му се слошило откако излегол од болница, па повторно ги викнал лекарите

 

Српскиот пејач Ѓорѓе Давив вчера излезе од Инфективната болница во Србија , каде две недели се лечеше од коронавирусот и се вратил во својот стан во Нов Белград.

„Добро сум, лежам во својот кревет и гледам телевизија, како во бајките“ рекол Ѓорѓе Давид. 

„Доживеав шок штом излегов надвор на воздух. Ми се сврте во глава и почувствував малаксаност. Ги повикав лекарите од одделението на кое лежев, но тие ме смирија и рекоа дека тоа е нормална реакција после 15 дена седење само во затворен простор-“ рекојл тој.

Додал дека лекарите се змејови, а медицинските сестри и одтанатите здравствени работници лавови и лавици кои секогаш биле добри со него.

„ Што и да побарав од нив како пациент, тие тоа го исполнија, да можам некако би им ја дуплирал платата, но дури ни тоа не би било доволно да им се заблагодарам за све што прават во борба против коронавирусот. Кога ќе помине се ова на сите, а посебно на одделот пумологија, ќе се одолжам на свој начин- рекол тој.

„Имаше еден млад човек на 40 гонини , го префрчлија на третиот спрат бидејќи речиси едвај дишеше, па се распрашувавме за него, бидејќи ни беше цимер во собата, два дена ни кажуваа дека е стабилен, но третиот ден ни соопштија дека починал. Настана тишина во собата, никој од нас не презборе ни збор речиси три дена“ се присетил пејачот.

По препорака на лекар Ѓорѓе треба да помине уште 21 ден изолиран во својот дом.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега