ВИДЕО: Кашлал и плукал по храната во маркет во САД, но набрзо зажалил

 

65- годишен маж во супер маркет во Кингстон, Масачусетс, почнал да кажла и да плука по намирниците поради што морале да реагираат и останатите купувачи.

Го фатиле и го фрлиле на подот и така го држеле се додека не дојде полицијата. Иако човекот е одведен во болница, полицијата не верува дека тој навистина е заразен со коронавируот.

Според очевидците, тој бил многу агресивен и сакал да го удри еден од вработените, кој изреагирал откако го видел дека кашла и плука по производите.

Вработениот го удрил, а останатите го совладале и го турнале на подот.

Доколку тој се врати повторно во истиот маркет, ќе биде уапсен, додека пак сите намирници над кои кашлал и плукал биле фрлени, а целиот аркет дезинфициран

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега