Несреќа во Радовиш: Изгубил контрола над мопедот и удрил во возило, па паднал на коловозот

 

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 13:40 часот било пријавено дека во Радовиш, на ул.„Даме Груев“ 42-годишниот М.Т. од село Подареш, управувајќи мопед „гилера“, без регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот, удрил во паркирано патничко возило „рено“ и паднал на коловозот. Во незгодата М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега