Колку често треба да се менува постелнината за време на пандемија - луѓето забораваат на важно правило
Претходните истражувања покажаа дека повеќето луѓе предолго спијат на истата постелнина. Но, тоа сега, во време на епидемијата коронавирус, може да биде поопасно од кога било.
Експерт предупредува дека постелнината треба да се менува најмалку еднаш неделно.
Луѓето и сега спијат на иста постелнина 12 дена.
Освен габи, кои се размножуваат на валкана постелина и може да предизвикаат здравствени проблеми, вашиот кревет може да биде плодно тло и за вируси и бактерии. Ако сте болни, од клучна важност е постелината да ја менувате еднаш неделно и да ја перете на висока температура.
Загрижува податокот дека испитаниците во новата студија спијат на иста постелнина во просек 12 дена, и покрај големата опасност од коронавирус, кој веќе со месеци беснее во светот. Пижамите и јастучниците треба да се перат еднаш неделно.
Дури 64 отсто потенцијално внесуваат нечистотија во кревет ако не се истушираат пред спиење, додека 12 отсто од испитаниците признале дека не се тушираат секој ден. Мажите во тој случај се поголеми престапници од жените.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа