СДСМ: Мицкоски е поголем лажго и од Груевски, го интересира само неговата партиска фотелја
Политиканството и партискиот маркетинг за Мицкоски се поважни од здравјето на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Мицкоски е поголем лажго и од Никола Груевски, излегува на прес конференции за да не каже ништо, го интересира само неговата партиска фотелја.Во време кога целиот свет, целата држава и сите институции беспоштедно се борат против коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се впрегнати во дневна политика полна со лажни вести, невистини и празни обвинување. Очајнички обиди да добијат политички поен на маката на граѓаните и државата. Таквото несериозно, неодговорно и срамно однесување е невидено во домашната но и светската политика, се вели во реакцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа