ВМРО-ДПМНЕ: Додека Заев и Спасовски танцуваат со короната, граѓаните не знаат како ќе го поминат месецот

 

Граѓаните и бизнис секторот во овие тешки времиња се оставени на милост и немилост. Се соочуваме со светска пандемија на опасниот коронавирус, но и со економска криза од досега невидени размери, а мерките на Владата немаат никаков ефект, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на претседателот на финансиската комисија на СДСМ, Фатмир Битиќи.

-Неспособноста на СДСМ секојдневно не чини човечки животи и работни места. Бројот на наши сограѓани кои што се оставени без парче леб од ден во ден е се поголем, бројот на заболени од коронавирусот секојдневно расте, а Владата нема јасна стратегија за справување со ситуацијата. Република Македонија ја очекува економска апокалипса доколку Владата не ја разбере сериозноста на ситуацијата. Додека Заев и Спасовски танцуваат со короната, граѓаните не знаат како ќе го поминат месецот. Суетата на врхушката скапо ја чини државата. Владата на СДСМ и натаму одбива да ги прифати економските мерки кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, мерки за спас на економијата, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Висината на дупката во буџетот се менува од ден за ден, а причината за ова е неработењето, корумпираноста и несериозноста на владата предводена од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.04.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега