Јанушев: Секој кој ја критикува власта, веднаш од Заев и неговите провладини перјаници е обвинет дека шири лажни вести
Секој кој ќе ја критикува власта, кој има свое мислење за работите, за некој проблем или мака која што ја има, истиот веднаш од Заев и неговите провладини перјаници е обвинет дека шири лажни вести.
Токму тоа е енциклопедиски пример за фашизам!, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Стратегијата им е толку провидна, сите да ги прогласат за лажови, само најголемиот лажов – Заев дека не е! А, лажењето е негова природна состојба.
И во таа смисла вистинска трагедија е Заев и неговите “пајташи” да обвинуваат синдикати, граѓани, бизнисмени … сите оние кои ја кажуваат вистината за лошата состојба дека шират лажни вести.
Во историјата нема таков пример на “забеганост” сите кои мислат различно од првиот човек на власт да се етикетирани, како што сега е примерот со Заев.
Ова колку да е апсурдно, толку е и трагично. Во оваа земја Заев не е никаков репер за тоа што е вистина, а што не. Додека Заев танцува со короната, луѓето танцуваат со сиромаштијата, потенцира Јанушев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа