Мицкоски: Заев нека танцува со короната, мене ме загрижува танцот со сиромаштијата и загрозеното здравје на луѓето
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ зборуваше за ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија и за тоа како Владата се справува со оваа пандемија.
-Нема да навлегувам во стратегијата на Зоран Заев , тој нека такцува со короната. Нашите граѓани имаат реални проблеми. Главниот проблем е како да се справат со ширење на оваа пандемија која се повеќе зема замав во нашата држават и втората работа е сиромаштијата која исто така зема се поголем замав. Не би сакал да го коментирам вчерашното гостување на Заев. Слушнавме многу работи кои навистина, ако во минатато сум мислел дека станува збор за политиканство и определени алатки за да се изврти вистината, после вчерашното негово интервју, јас сум сериозно загрижен од една едноствна причина и ценам дека нема доволно познавања, рече Мицкоски.
Вели дека сите вчерашни изнесени ставови на Зоран Заев за него се залудни.
-Затоа ќе оставам тој да си танцува со таа негова стратегија за короната, но она што мене ме загрижува е танцувањето со сиромаштијата на граѓаните, но и со обидот да се справат граѓаните со пандемијата која се повеќе се шири, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа