Стојаноски: Венко Филипче мора час поскоро да ја промени својата стратегија и да почне масовно тестирање на населението
Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ преку свој пост на Фејсбук пишува дека Венко Филипче мора час поскоро да ја промени својата стратегија и да почне масовно тестирање на населението од ковид 19.
-Венко Филипче мора час поскоро да ја промени својата стратегија и да почне масовно тестирање на населението од ковид 19. Фактот што само во еден ден една приватна клиника откри 34 нови случаи е поразителен за јавниот здравствен систем.
Го разбирам Филипче дека за неговиот Пи-Ар, најдобро е да не се дијагностицираат нови случаи од заразени со вирусот, ама тоа нема да ја промени реалноста. Напротив неопходно е согласно препораките на СЗО и искуствата на другите земји да се зголеми обемот на тестирано население, со цел да се превземаат соодветни мерки на заштита и спречување на пандемијата.
Објаснувањето на Филипче дека тестовите на приватната клиника дијагностицирале само присуство на антитела не држи вода, затоа што овие тестови се успешни во детекцијата на присуство на коронавирусот и се произведени во Холандија и применети во многу европски земји. Самите доктори во приватната клиника потврдуваат дека употребата на нивниот тест може да детектира претходен контакт на лицето со вирусот, преку имунолошкиот статус на телото.
Филипче и министерството за здравство наместо да се плашат од тестирањето , треба да ги поздрават овие, но и другите медицински установи, кои ќе применуваат што повеќе тестови, бидејќи на тој начин граѓаните ќе бидат повеќе информирани, а со тоа и позаштитени од евентуалната зараза.
Криењето на проблемот под тепих, не ја решава ситуацијата, туку само ја влошува, бидејќи ќе имаме ситуација во која заразени со вирусот, кои не знаат дека се носители, ќе имаат контакт со други луѓе и на тој начин се несвесни преносители.
Битката за здравјето не граѓаните е многу поважна од рејтингот на Филипче.
Затоа Венко Филипче спроведи ги насоките од СЗО и ТЕСТИРАЈ, ТЕСТИРАЈ и ТЕСТИРАЈ од корона вирус што е можно помасовсно, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа