Несреќа на патот Маврови анови-Дебар: Полициско возило излета од патот

 

ВДвајца полициски службеници се здобиле со телесни овреди откако доживеале сообраќајна несреќа, информира МВР.

-Вчера во 12:45 часот на регионалниот пат Маврови анови - Дебар, полициски службеник, управувајќи патничко возило „ландровер“, сопственост на МВР, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.По незгодата двајцата полициски службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде на едниот му се констатирани тешки  телесни повреди, а на другиот телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Полициска станица Гостивар - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега