Мизрахи: Во овој момент е небулозно да се зборува за онлајн матура, зашто нема да има никаков ефект
Маски и ракавици државата треба во овој момент да има не само за медицинските работници, туку исто така и за полицијата и за војската. Доколку веќе е воспоставен кризен систем, би требало да ги заштитиме оние кои се на прва линија на одбрана, но и целокупното население. Треба да се пресмета колкав број на ракавици и маски се потребни секојдневно за секое лице. Хируршките маски имаат максимално времетраење од два дена.
Ова го изјави поранешната министерка за труд и социјала во техничката Влада, Рашела Мизрахи „Live chat“ додавајќи дека треба да се укине матурата за оваа година.
-Имајќи предвид дека може да настанат системски компликации, бидејќи сепак децата изостануваат од училиште еден извесен период. Онлајн учењето неможе во целост да се спроведе бидејќи сите деца не се оспособени со ајти комуникација, особено оние од социјално - ранливата категорија на семејства. Мислам дека оваа година матурата треба да се изостави. Сметам дека тоа треба да се направи со некава уредба. Во овој момент е небулозно да се зборува за онлајн матура, затоа што смеатам дека истата нема да има никаков ефект, вели Мизрахи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа