Нацев: Поради стерилната реакција на безбедносните институции коронавирусот брзо и лесно влезе во Македонија

 

Како се најдовме денес во оваа позиција, е поради лошо стратешко планирање. Недостаток на стратешка документација за справување со безбедносни закани. Еве на пример нашиот носечки документ во доменот на одбраната и безбедноста е националната концепција за безбедност која потекнува од 2003-тата година. Освен таа концепција, потоа имаме стратегија за национална безбедност, стратегија за одбрана, во секоја од нив се наведува како еден од можните ризици се наведува појавата на епидемии и заразни болести. Значи ова е реална закана и постои во сите наши закони, а нашите агенции не ја видоа.

Ова го изјави Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот „Live chat“ на темата: „Вашите проблеми, заеднички до решенија“.

-А уште пострашно е тоа што оваа закана не беше скриена, не беше конспиративна. Туку, таа изби најпрво во Кина, и веднаш се рашири во целиот свет. А ние не успеавме нашиот систем за рано предупредување да го активираме. Да го активиравме на време и да си ја завршевме работата онака како што треба, пред се разузнавачките служби да направеа определени анализи и процени, ние денеска немаше да бидеме во ваква позиција каква што сме. Доколку се предвидеше колку се можностите за повратници на луѓе од жариштата, доколку оваа појава се сфатеше како реална закана и почнеше да се третира од самиот почеток немаше да дојде до ова. Ние имавме лабави процедури на самиот почеток, па дури се случи медицинско лице, заболено од вирусот, без процедури да слета и да се движи низ државата. Ние долго време се вртевме во место и изгубивме драгоцено време за реакција, а сето тоа е поради стерилната реакција на безбедносните институции. Еве со мобилната болница на пример, доколку се работеше за воен конфликт или земјотрес и да чекавме 7 до 10 дена таа да се постави, мислам дека поголем број од тие луѓе немаше да преаживеат. Тоа е само показател дека државата не е подготвена, дециден е Нацев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега