Д-р Митов: Ако луѓето носат маски, ќе се намали бројот на заразени

 

Д-р Александар Митов при денешното гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека постои голема разлика меѓу истокот и западот за ставовите околу носењето маски.

– На истокот предлагаат маски да се носат секаде и велат дека СЗО греши. Од друга страна, станува јасно дека маските нудат некаква заштита. Не мора да се работи за маска со стандарди која штити 100 проценти. Со маска, опасноста драстично паѓа, вели д-р Митов.

Не се согласува со мислењето дека СЗО стравува од недостаток на маски за здравствените работници.

– Ако луѓето генерално носат маски, генерално ќе се намали бројот на заболени. Маската не штити од другите, но и ги штити другите од нас. Во нашата култура има толку лоши навики, на пр. кивањето во лакт. Овие мали навики сега спасуваат живот. На отворен простор, трансмисија на вирусот не може да се случи. Друго е кога лицето е затворено во една просторија.

Уште една дилема која се наметна е масовното тестирање, кое го имаше на истокот, претежно во оние земји кои се справија со вирусот. Сепак тестирањето не е доволно, прашањето е што ќе се направи со тие резултати.

– Можеби Италија згреши што ги пушти заразените дома, сметајќи на изолација, но заборави дека голем дел од луѓето не живеат сами, па голема е шансата дека ќе го пренесат вирусот. Кога луѓето инсистираат на масовно тестирање почнувам да се сомневам да не има материјални интереси. Наважно е што ќе направиме по добивањето на тестот. Кина тоа што направи, ниту една друга држава не може да го направи. Се работи за огромни ресурси и за дисциплина, ние тој капацитет го немаме, рече Митов.

Во врска со советите за инхалација, д-р Митов смета дека пред се е неопходна социјална дистанца.

– Ние во медицината имаме специјалности, но секој од нас кога дава совети од област која не е негова, ризикува да даде мислење кое не точно. Инхалирањето нема никаква научна основа и доказ дека може да помогне. Не инхалирање, туку социјално дистанцирање е потребно, рече тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега