Спомен обележје за иселените Македонци од селото Горица од Мала Преспа
По повод 80 годишнината од иселувањето на жителите на селото Горица од Мала Преспа, шеесетина нивни потомци кои сега живеат во Македонија поставија спомен обележје во селото Долна Горица како потсетник за тие случувања, информира денеска Милан Наумов од Кавадарци, еден од организаторите.
- На споменикот од едната страна е изгравирана силуета на жена бегалка, која во раката држи мало дете, а крај неа одат две помали деца. Од другата страна, пак, на македонски јазик е напишано - ”За чест и слава, за храброста и непокорот на горичаните кои во 1933 година заминаа засекогаш…”. Овој текст е напишан и на албански јазик, објаснува Наумов.