Облечете се потопло, метеоролозите најавуваат студен бран- УХМР со временска прогноза за целата недела

 

Сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер ќе преовладува во текот на утрешниот ден. Претпладнето се уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови. Утринските температури до сабота во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, денеска снежната покривка до изутрина е 16 сантиметри во Дебар, 15 на Попова Шапка, 14 во Крушево, 11 во Маврово, Пожаране, осум во Лазарополе, Ѓуриште, седум Прилеп, шест Битола, пет Тетово, четири Тополчани, три во Скопје-Зајчев Рид, Штип и еден сантиметар во Берово.

Врнежи за изминатите 24 часа се регистрирани во Дебар – 18 литри на метар квадратен, 12 л/м2 во Маврово, Претор, Крушево, 11 Пожаране, 10 Охрид, осум Лазарополе, седум Тетово, Битола, Прилеп, шест Тополчани, Штип, Демир Капија, Дојран, пет во Ѓуриште, Берово, четири Крива Паланка, Струмица и три литри на метар квадратен во Скопје-Зајчев Рид.

Времето денеска, како што најави УХМР, ќе биде облачно со врнежи од снег, а само во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места количината на наврнат воден талог ќе биде над 25 л/м2, а најмногу врнежи ќе има во западните и јужните делови. Снежна покривка ќе се формира речиси во целава земја, на пониските места и над 10 сантиметри, во Пелагонија околу 20 см, а на планините и повеќе. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено кон крајот на денот.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 4 Целзиусови степени. Во Скопје облачно со врнежи од снег во текот на целиот ден и во вечерните часови, при што ќе се формира снежна покривка, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега