Руски доктор предлага стар српски народен лек - ако имате проблем со кашлица тој помага
Карамелизиран шеќер, млеко и путер - тоа е напиток од нашето детство на кој сите се сеќаваме бидејчи нашите мајки ни го подготвуваа секогаш кога ќе почневме да кашламе и да ги чувствуваме првите симптоми на грип. Постојат три начини да го направите овој напиток.
1. Шеќер, млеко и маст
Во лимено лонче или тенџере карамелизирајте 2 лажици шеќер, а потоа додека уште врие додадете млеко, па мешајте додека шеќерот не се растопи. Кога ќе го ставате во шолја додадете и напитокот е готов.
2. Млеко, маст и мед
Млекото се загрева до вриење, а потоа се додава маст или путер. Кога напитокот ќе се излади, се додава лажица мед и се пие пред спиење. Ако чувствувате треска, најдобро е да се замотате во ќебе и да заспиете веднаш после овој напиток.
3. Шеќер, млеко и гранчиња жалфија
Шеќерот се карамелизира, а потоа се додава млеко. Додека тоа врие, во него се ставаат гранчиња жалфија, па после неколку минути течноста се трга од рингла и се цеди. Напитокот се пие додека е топол.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа