На пиштолите за точење бензин може да има коронавирус - како да се однесувате и да останете безбедни
На пиштолите за точење бензин може да стои опасниот вирус Ковид-19, затоа е важно да се преземат потребни мерки за заштита.
И покрај социјалното дистанцирање, поединци и понатаму мораат да одат со своите автомобили на работа или по храна и лекови.
За нив е неопходно од време на време да свратат на бензинска пумпа и да наточат бензин и главно никако не можат да избегнат контакт со пиштолот за гориво.
Експертите нудат неколку совети како да се пристапи на овој проблем: Носете со себе ракавици за еднократна употреба и задолжително ставете ги кога точите гориво. Можете да користите и повеќе хартиени марамчиња ако во некој случај сте заборавиле ракавици. Важно е да немате директен допир или веднаш после завршената работа да го фрлите тоа што сте го користеле како заштита.
Ракавици носете и за време на плаќањето, пред допирањето пари, апаратот за внесување ПИН код или просторот околу касата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа