ВМРО-ДПМНЕ: Се откажавме од државното финансирање, а функционерите на СДСМ не се откажуваат од нивните плати
ВМРО-ДПМНЕ објави „факти кои го одбележаа денот“. Оттаму велат дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од државното финансирање, но СДСМ не се откажува од платите на функционерите.
1.ВМРО-ДПМНЕ се откажува од државното финансирање, но СДСМ не се откажува од платите на функционерите.
2.Владата профитира од превозот на луѓе од странство во време на коронавирус. Летот од Загреб поскап од двојно подалечните Минхен и Малта.
3.Власта го уништува бизнисот.Не се прифаќа мерката за 50% субвенционирање на придонесите и платите.
4.Задоцнетите мерки против коронавирусот резултираат со прогресирачки број на заболени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа