Македонската полиција со полни раце работа: Непочитување на мерките за изолација и полициски час

Македонската полиција со полни раце работа поради непочитување на мерките за изолација и полициски час.

„Одделение за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против М.Т.(44) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 20.03.2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација.

Одделение за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Р.К. (23) од с.Подареш, Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.03.2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавениот не ги почитувал мерките за самоизолација.

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(43) и П.Ј.(19), двајцата од с.Подареш, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување на заразна болест“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 22.03.2020 полициски службеници при извршена контрола констатирале дека пријавените не ги почитувале мерките за самоизолација.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Ј.Б.(32) од Струмица и Л.Ч(35) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 21.05 часот, на место викано „Марвинска клучка“ кај с.Марвинци, полициски службеници контролирале патничко возило „бмв“, управувано од Ј.Б. и сопатник Л.Ч., при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Одделението за внатрешни работи Валандово поднесе кривична пријава против Р.Р.(32) од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 21.45 часот, на место викано „Марвинска клучка“ кај с.Марвинци, полициски службеници контролирале патничко возило „бмв“, со бугарски национални ознаки, управувано од Р.Р. и сопатник Р.А., при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против В.Г.(39) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки. 

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Т.Т.(53) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки. 

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против С.М.(52) од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба, издадена од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки. 

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Ѓ.Н.(36) од с.Мрзенци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против В.В.(57) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 21.35 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

На 29.03.2020 околу 13.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, М.А.(33) од Скопје пријавила дека од камп за бездомници Чичино село - Сарај, се оддалечиле нејзините деца С.М.(15) и С.И.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Р.В.(59) од с.Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 00.50 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против С.П.(30) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.45 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривична пријава против Б.Т.(23) и М.Т.(21) двајцата од с.Ораовица, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.00 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавените не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Н.П.(35) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 02.45 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против К.Д.(34), од с.Богородица, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На  25.03.2020 во 21.20 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Д.(44) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 23.10 часот, на ул.„8 Септември“, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ф.Н.(27) од с.Бучим, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 22.40 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Н.(54) од с.Подареш, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 22.30 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.В.(39) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 22.30 часот, при извршена контрола од полициски службеници било констатирано дека пријавениот не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе четири кривични пријави против В.А.(49), Т.С.(27), А.С.(25) и Н.М.(21), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.03.2020, кај каменолом на регионалниот пат с.Свидовица - с.Куклиш, полициски службеници констатирале дека пријавените не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Одделението за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против  Ј.Д.(30) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 01.10 часот кај Градска порта, на влезот на Неготино, полициски службеници го сопреле пријавениот кој управувал патничко возило „цитроен“, во кое сопатник бил 15- годишник од Кавадарци, при што било констатирано дека не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против В.В.(60) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 02.50 часот, полициски службеници на контролен пункт во Градско констатирале дека пријавениот, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, не се придржувал на изречените мерки.

Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против Т.Н.(20) од Велес, поради постоење основи на соменение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 00.25 часот, кај касарната на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, пријавениот бил затекнат од полициски службеници, при што не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против Н.А.(39) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 00.10 часот, во близина на угостителски објект на ул. „8 Септември“, пријавениот бил затекнат од полициски службеници, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Отсекот за криминалистичка полиција Велес поднесе кривична пријава против О.М.(22) од Градско и И.М.(25) од с.Уланци, Градско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.03.2020 во 00.40 часот, во близина на винарија во Градско, полициски службеници констатирале дека пријавените не се придржувале кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.И.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.00 часот полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи по ул.„Илинденска“ во Битола, односно не постапил и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.Д.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 околу 02.30 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи кон бензинска пумпа на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп, без соодветна дозвола, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(31) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 26.03.2020 во 00.50 часот, на ул.„Мице Козар“ во Прилеп пријавениот, без дозвола за движење се движел кон бензиска пумпа, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија. 

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 23.05 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот, без дозвола за движење, кај бензинска пумпа на патот Прилеп – Битола, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија“ известуваат од полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега