Во Прилеп 14 пријави за прекршување на полицискиот час - во изолација се 238 лица

Прилепската полиција поднела 14 кривични пријави против граѓани кои не го почитувале полицискиот час кој почна од 16 часот вчера попладнето до изутрината. Ова е најголемиот број прекршувања досега на полицискиот час во Прилеп.

Во изолација во Прилеп се 238 лица и таа бројка е иста од викендот и нема креклршување на оваа мерка. Се чекаат резултати од тестирани кои биле во контакт со досега заболените осум лица во Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега