Странец во Тетово се движел за време на полициски час

Странски државјанин е откриен на улица на подрачјето на Тетово, за време на полицискиот час, инфомираат од СВР Тетово. Според тетовска полиција се работи за 43-годишник од Република Албанија, а покрај него најдени се уште три лица како го прекршуваат ограничувањето на движењето низ Тетово.

-Во периодот 29/30 март од 7 до 7 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, четири лица ја прекршиле одлуката за ограничено движење. Сите се лишени од слобода и задржани за целосно расчистување и документирање на случаите, по што ќе им се изготват соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од воведувањето на полицискиот час во Тетовско регистрирани се вкупни 56 случаи на прекршување ограничувањето на движењето. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега