СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со очајни обиди за профитирање, да се откажат од парите од Буџетот
И во време кога државата и граѓаните се соочуваат со здравствена и економска криза, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат единствено за личните и партиските интереси, стои во денешното соопштение до јавноста на СДСМ.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно не се откажуваат од средствата од Буџетот што им припаѓаат преку Законот за финансирање на политички партии.
Одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се откажат од финансирањето од државата уште еднаш покажа дека за нив не е важно здравјето за граѓаните, не е важно надминувањето на економската криза. Единствено што им е важно е касата во белиот дворец да биде полна.
Нема крај на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна повикуваат на штедење а од друга страна не се откажуваат парите од државата да се пренаменат за помош на здравството, за помош на работниците од економската криза.
СДСМ повика и повикува, сите партии да се откажат од финансирањето од Буџетот предвидено за оваа година, а парите да се префлрат во фондот за справување со кризата. Станува збор за значителни средства кои ќе помогнат во справубвање со економските последици од коронакирзата.
Ова е време кога е потребна солидарност и меѓусебно помагање, вредности кои и во ваква криза остануваат непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа