Арсовски: Воено профитерство во време на криза - Хуманоста на Владата граѓаните ја плаќаат стотици евра

 

Денес Владата преку официјално соопштение објави приватни разговори помеѓу Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.Ова денеска што граѓаните можеа да го прочитаат во медиумите е обид за амнестија на Владата за целиот сомнеж за криминал кој го прави, пропратен со лажни грижи за граѓаните. Нема хуманитарна акција каде што граѓаните сами си плаќаат.

Ова денеска на прес-конференција го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Незаконското објавување на приватни разговори самото по себе повлекува одговорност пред судовите, но еве јавно изјавуваме да не се вознемирува дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да го тужи Драги Рашковски за изнесените разговори во јавност, затоа што добро е граѓаните да знаат дека ние сме единствените кои сме против сомневањата за криминалот и авантата на Владата на Заев и Рашковски и печалењето пари на грбот на граѓаните кои се враќаат во својата татковина. Она кое што сакаме да го потенцираме во јавноста од изнесените пораки е дека постои сериозен сомнеж за криминал, аванта и воено профитерство, дури и во кризни моменти кога се работи за здравјето и безбедноста на нашите граѓани кои се враќаат од секаде од светот во Република Макединија, рече Арсовски.

Вели дека мора да потврдат секогаш кога ќе има сериозни сомнеж за криминал од страна на Владата, бидејќи, како што рече, се работи за граѓаните и државата. Посочува дека ќе вршат притисок во рамките на можностите да не се влоши грабеж на маката на граѓаните.

Изминативе 2 дена имаше стотици сведоштва од граѓани докази кои се вратиле во државава со превоз организиран од Владата, кој се нарекува хуманитарен од страна на владата а не е хуманитарен бидејќи граѓаните сами си го плаќаат превозот и враќањето во државата, сите сведоштва, дел од нив и јавни лица од јавниот живот познати на целата држава кои сведочеа за нечовечките услови со кои се третираат граѓаните на патот од аеродром или од граница до карантин.

-Со часови чекаат во автобуси, никој не ги пушта во тоалет, не им се носи храна и вода. Други сведоштва велат дека на патниците им било кажувано дека превозот ќе чини многу помалку од што им се наплатил, а им се наплатил многу повеќе од што им било кажано 100тина евра повеќе, по што дел од патниците јавно се побунија на социјалните медиуми. Еден ден се ќе излезе на виделина. И криминалот на маката на граѓаните и авантите кои се земаат со одредени фирми и се што трпат граѓаните на нивниот грб. Тогаш ќе мора да се сноси одговорност, а тоа ќе биде многу набрзо кога канџите ќе бидат тргнати од институциите кои што треба да донесат правда во Република Македонија, рече Арсовски.

Арсовски: Воено профитерство во време на криза - Хуманоста на Владата граѓаните ја плаќаат стотици евра

Posted by Press24 Fun on Sunday, 29 March 2020

29.03.2020 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега