Локвенец: Во овие тешки времиња успешните политики на СДСМ добија конкретна потврда

 

Во овие тешки времиња, кога на глобално ниво се соочуваме со коронавирусот, успешните политики на СДСМ добија конкретна потврда и овозможија остварување на стратешките цели на државата, рече пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец на денешната прес-конференција во партиското седиште. 

 

Вели дека Македонија е 30 земја-членка на НАТО, а ги започнува и преговорите за членство во ЕУ.

 

-Ова е големо признание за сите заложби кои ги направивме како држава за релативно краток период, за само 2.5 години. Добивме признание за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции – Владата, Собранието, Судството да ги спроведат реформите поставени  како наша цел уште во 2017 година. Иднината на нашата држава е обезбедена. Гарантирана е нашата стабилност, безбедност, отворени се можностите за демократски развој, напредок, економски просперитет, нови работни места, инвестиции. Државата, граѓаните, добија признание за храбрите и  тешки политички одлуки кои ги донесе Владата и владејачкото мнозинство во Собранието предводени од СДСМ за решавање на долгогодишните спорови со нашите соседи Грција и Бугарија, рече Локвенец.

 

Според него, без Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија немало да биде возможен овој успех.

 

-Ова е уште една потврда дека само заедно, сплотени, солидарни и поврзани можеме да дојдеме до заедничката цел. Станавме членка на НАТО сојузот , добивме позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ. Сето тоа е мотивација за сите дека заедно можеме да ја победиме и коронакризата која не само нас како држава, го стави целиот свет под закана по здравјето на луѓето. Република „Северна“ Македонија продолжува храбро да чекори напред, кон напредок и просперитет за сите нејзини граѓани. Пред нас е да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда, рече Локвенец.

 

Локвенец: Во овие тешки времиња успешните политики на СДСМ добија конкретна потврда

Posted by Press Vesti on Sunday, 29 March 2020

29.03.2020 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега