СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од државното финансирање, да престанат со обидите да профитираат од кризата
Во период кога државата максимално ги вложува сите кадровски и технички капацитети за да го спречи ширењето на опасниот вирус, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со политичкото и финансиското профитирање, велат од СДСМ.
Според партијата, крајно несериозно е политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ да ја користи секоја прилика за партиско профитерство.
Мицкоски во многу наврати периодов демонстрираше неконструктивност, незнаење и креираше лажни вести само да им наштети на државните институции во нивната професионална посветеност кон здравствената криза. Со таквото однесување Мицкоски уште еднаш покажува дека личните и партиските интереси му се далеку поважно отколку здравјето на граѓаните, отколку економската состојба во државата. Наместо да се обидуваат да профитираат политички од кризата со коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од финансирањето на партијата од буџетот, а ослободените пари да се пренаменат во фондот за справување со последиците од коронавирусот, велат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа