Ѓорѓиевски: Господо од СДСМ, престанете со злоупотреби и селективност во овие кризни денови

 

Господо од СДСМ, престанете со злоупотреби и селективност во овие кризни денови, напиша на својот Фејсбук профил Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто за секретарката на некој функционер во Агенцијата за национална безбедност не би важел полицискиот час, односно забраната за движење, а истата би важела за полициски службеник кој во моментот не е на должност⁉️

Зошто нечија соработничка во АНБ би можела слободно да се движи без посебно одобрение, а тоа не му е дозволено на некој полициски службеник кој е должен да постапи секогаш кога ќе забележи кривично дело, без разлика дали е на служба.⁉️

АНБ во моментов е единствен орган чии вработени се целосно и безусловно изземени од полицискиот час.

Дали во периодов освен јавната безбедност и здравјето на граѓаните е загрозена и националната безбедност

 Доколку е така, дали се точни информациите дека вработените во АНБ се поделени во две групи и агенцијата функционира со скратено работно време, односно два дена одат на работа, па два дена одмораат
 Зошто е овој начин на функционирање доколку постојат сериозни закани за националната безбедност

Наместо професионална служба, формиравте партиско тело скандализирајќи ја цела процедура на селекција.
Сега на истото тоа тело му давате привилегии какви што немаат ниту полициските службеници, ниту социјалните и медицинските работници, ниту кој било во државата.

Граѓаните гледаат што правите и ќе ви кажат што мислат кога ќе дојде време. После тоа верувајте дека законот ќе важи подеднакво и за вас“, напиша Ѓорѓиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега