Божиновски: Македонија произведува се што е потребно за домаќинствата, затоа купувајте македонски производи
Вирусот корона со себе донесе уште една епидемија која што на површина ја извади сета лажна блескавост на власта за македонската економија. За само две недели недостасува половина државен годишен буџет. Кризата е голема, застанува извозот од Македонија, застанаа нарачките од домашните фирми, полека запираат погоните на македонските компании. Македонскиот работник повторно е загрижен за иднината на својата работа. И со право, вели во своето видеообраќање членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Игор Божиновски кој додаде:
„Македонското стопанство дневно губи милиони евра, а работите не одат на подобро. Во отсуство на вистински мерки на власта, мораме самите да си помогнеме. Едноставно е, купувајте македонски производи. Македонија произведува се што е потребно сега за домаќинствата, храна, пијалоци, средствата за лична хигиена, се што ви треба за надминување на состојбата за време на самоизолацијата. Во нашите маркети ќе најдете се што ви е потребно, а е направено во македонски компании од македонски работници, Со нашиот избор за купување на македонски производи ние заштитуваме работни места за вредните работници.“
-Вашиот избор нека бидат македонски производи, бидејќи македонската економија, македонските компании, македонските работници тоа го бараат од нас. Сега е вистинскиот момент да си помогнеме самите, побарајте го знакот за квалитет на производите, за да ја заштитиме економијата, за да ги зачуваме македонските компании и работните места на македонските работници. Купувајте македонски производи. Затоа што ја сакаме Македонија, потенцира Божиновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа