ВМРО-ДПМНЕ: Криминогената и неспособна власт на СДСМ не може да ја внесе Македонија во ЕУ

 

Додека здравствените работници мака мачат со опрема, Заев и неговите функционери фрлаат милиони по ручеци и патувања, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

          „Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, Заев најавува дека ќе им ги намали платите и вработува партиски послушници. Ваква забегана и корумпирана власт не постои во Европа, ниту некој од Европа сака до себе Луј Витон политичари.Реалната слика на Република Македонија, ЕУ ја гледа, нема потреба од лажните соопштенија пишувани во Бихакќа.Неспособноста и неодговорноста се главната одлика на Заев и неговите министри. Реалната слика на Република Македонија во моментот е дека системот крахира, бројот на заболени и починати постојано се зголемува.  Докторите и медицинскиот персонал работат без соодветна заштита, а Заев и функционерите на СДСМ се расфрлаат со народни пари, и ќе ги кратат платите на работниците“велат од партијата.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат и велат дека СДСМ не е заслужно за позитивната одлука на Советот на министри на Европската Унија. 

„Македонија поради СДСМ се наоѓа меѓу најкорумпираните и најкриминалните во Европа.

 

ВМРО-ДПМНЕ по изборите ќе ја стави земјата на брза трака на реформи и ќе направи прогрес кој ќе биде препознаен од европските партнери“ стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега