Ѓорѓиев: Концесиите за ловишта ќе се издаваат по електронски пат

Измените на Законот за ловство што ги прифати Владата на Република Македонија предвидуваат концесиите за ловишта во земјава да се издаваат по електронски пат, информираше денеска на прес-конференција владиниот потпарол, Александар Ѓорѓиев.

- Суштината на овие законски измени е воведување обврска во индите постапки за концесија на ловиштата и дивечот во ловиштата задолжително да биде применувана електронската аукција. На овој начин се постигнува поголема транспареност во самиот процес, се овозможува поголема отвореност, можност за конкуренција на поголем број субјекти. Се отстрануваат можностите за определено субјективно однесување, волунтаризам, протекционизам и се разбира се создаваат нови и подобри услови и можности за постигнување на повисоки цени за концесиски надоместок што е од интерес на целокупното општество, затоа што тој концесиски надомсток што го плаќаат концесионери понатаму се употребува за задоволување на општите општествени потреби, рече Ѓорѓиев.

 Јавниот оглас ќе го објавува Владата, која ќе го утврди минималниот износ за надоместот за концесија, а на аукцијата ќе биде земена предвид највисоката цена од доставените понуди. Огласот ќе биде објавен за 30 дена.

 

20.10.2013 - 13:19

најчитано сега