За еден ден заработија 6 милијарди долари

Коосновачите на „Гугл“, Лари Пејџ и Сергеј Брин долго ќе го помнат 18 октомври 2013, како ден во кој заедно заработија речиси шест милијарди долари.

Имено, по објавувањето на кварталниот извештај за работењето на „Гугл“, кој покажа дека компанијата добро напредува, се развива и остварува заработка, нејзините акции на берзата драстично пораснаа и првпат ја минаа вредноста од 1.000 долари за акција.

Со ваквиот раст на акциите на „Гугл“, Пејџ и Брин во само еден ден заедно заработија вкупно 5,9 милијарди долари.

На последната објавена листа на најбогатите Американци на „Форбс“, Пејџ беше на 13 место со имот вреден 28,3 милијарди долари, а Брин 14-ти со 27,7 милијарди долари. 

20.10.2013 - 13:09

најчитано сега