Цариниците со полни раце работа - запленети цигари, пршута, козметика...

 

Минатата недела и за време на Велигденските празници, царинските службеници   спречија повеќе обиди за криумчарење на разна стока.

Привремено се задржани 2 сребрени прачки со вкупна тежина од 2,015 кг и проценета вредност од околу 1.500 американски долари откриени на граничниот премин Блаце, при контрола на автобус со македонски регистерски таблички што сообраќал на релација Нови Пазар – Скопје и личен претрес на возачот - македонски државјанин. Едната прачка е пронајдена во ташна сместена до возачкото седиште, а другата во предниот џеб од панталоните на возачот. 

Според неговата изјава, прачките ги презел на автобуската станица во Нови Пазар, а за паричен надомест од 2.000 српски динари, требало да ги пренесе во Скопје и да ги предаде на лице на автобуската станица во Скопје.

9 колекционерски фотоапарати марка минолта, коница, цанон, рицох, зеисс икон, линхоф мунцхен и график и 25 објекти за фотоапарати минолта, сигма зоом, цанон, коница, митакон мц, њиде англе, хелинон и др., откриени на скопскиот аеродром Александар Велики при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул.

1 сет корпа за ламела за патничко возило БМЊ, откриен при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавената стока е пронајдена во багажниот простор на возилото.

1 употребувана БОСЦХ пумпа за АБС кочници за патничко возило Мерцедес, откриена на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Ајндховен.

84 разни производи (употребувани гуми, уништувачи на хартија, канцелариски столици, кертриџи и свичери), откриени во товарниот дел на камион со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Меџитлија.

 270 литри репроматеријал за козметика и 500 катетри, откриени при контрола на празен камион со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.  Непријавените производи се пронајдени во неколку кутии, сместени во товарниот дел на камионот.

 22 килограми пршута, пронајдени при контрола на автомобил со српски регистарски ознаки, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавената стока била сокриена во резервната гума и под седиштата на возилото.

 10 штеки Ронхилл цигари со косовски контролни маркички, откриени при контрола на косовски автомобил, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Цигарите се пронајдени во патна торба, сместена во багажниот простор на возилото.

Покрај ова, откриени се и 4 нелегални мигранти на железничка станица Гевгелија кои се обиделе нелегално да влезат во државата. Мигранитите се откриени при контрола на товарен воз што сообраќал на релација Грција-Австрија, во вагон со контејнер натоварен со челична жица. Според нивните изјави, тројца од нив се државјани на Алжир, а еден е државјанин на Сирија, а намерата им била да стигнат во Австрија.

ФОТО:Сител

најчитано сега