Ѓорѓиевски: Доцнењето може да чини човечки животи, полициски час – веднаш!

 

 

Нашето здравје и здравјето на нашите блиски е најголемото богатство. Во овие моменти чувањето на тоа скапоцено богатство не зависи само лично од нас, туку од совеста на секој поединчно. Верувам дека најголемиот дел од нашите сограѓани се грижат за здравјето на останатите исто како и за сопственото, но во овој случај влогот е преголем, порача членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение

Влогот е животот на нашите родители, деца, роднини и пријатели!

Не може да оставиме ништо на случајот и да ризикуваме човечки живот само заради тоа што некој наш сограѓанин не ги почитува препораките.

Полициски час, веднаш!

МВР, Владата и останатите надлежни да најдат модалитет со кој ќе го ограничат движењето и ќе го спречат ширењето на КОВИД 19.

Постои потреба, постои начин, така што недостасува само волја и решителност.
Само така ќе спречиме идни жаришта и потенцијално разгорување на пандемијата.
Колку побргу се воведат поригорозни мерки, толку побргу ќе се спасат дополнителни животи.

Не е време за критика и дебати дали ќе можевме подобро да ја менаџираме кризата доколку владата многу порано го прифатеше предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за воведување на кризна состојба и фали на тој начин ќе го забавевме проширувањето на заразата.

Време е да се делува!
Доцнењето може да чини човечки животи!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2020 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега