Девојката на Бонд закрепнува од коронавирус со помош на парацетамол, цинк и витамини
Актерката Олга Кириленко неодамна откри дека е позитивна на коронавирус и затоа е во самоизолација. Поранешната девојка на Бонд објави на социјалните мрежи дека се чувствува подобро.
„Здраво на сите! Денес се чувствувам подобро. Немам треска. Слушам дека луѓето не можат да откријат каде сум сега. Јас сум во Лондон. Како знам дека е коронавирус, а не само грип? Јас направив тест за коронавирус, кој покажа дека сум позитивна. Кои лекови ги пропишуваат лекарите за закрепнување? Тие не постојат. Ми беше кажано да земам парацетамол во случај да имам голема треска и ако имам големи болки“, истакна Олга.
„Јас користам витамини и додатоци. Ве молам, овие витамини НЕ се лек за коронавирус, туку само МУ помагаат на вашиот имунолошки систем да биде посилен за да се бори! Еве што земам: витамин Е, витамин Ц, цинк …“, додаде таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа