Хоџа до Заев: Анкетите покажуваат дека мерките на Владата не се доволни за стопанствениците

 

Неби Хоџа од Северозападната стопанска комора во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, каде што гостуваше и екс-премиерот Зоран Заев, му прочита анкети од членките на северозападната стопанска комора, каде што членките на оваа комора одговориле дека економските мерки на Владата ни малце не ги задоволуваат нивните потреби за излез од кризата.

-58,3 % од компаниите работат редуцирано, 8,3 % со скратено работно време, 8,3 % целосно затворени и останитете проценти не одговориле. Меѓутоа од друга страна на 35% е намалена побарувачката на компаниите со произведен капацитет, што значи дека ќе се рефлектира и врз другите компании, истакна Хоџа.

Тој покажа и анкета, на која членките одговориле и на прашањето колку од компаниите се задоволни од мерките донесени од Владата.

-41% мислат дека мерките нема да помогнат, 17% од компаниите се изјасниле дека мерките се соодветни и 8% мислат дека мерките треба во целост да се променат. Следното прашање, колку од мерките се употребени, дури 60% од анкетираните одговориле дека нема да користат ниту една мерка, 21% одговориле дека ќе ги употребат и останатите одговориле дека ќе ги употребат, доколку владата предложи нови мерки. Ова е уште еден доказ, директно од коморите каде што јасно се гледа дека економските мерки не се доволни за помош во економијата, рече тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега