Мицкоски: Светот брои жртви, а македонската Влада прави стикери

 

Стикерите нема да нѐ спасат од Короната, но работата на надлежните секако ќе влијае за намалување на последиците, коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Затоа, наместо стикери фатете се за работа, затоа што не е само Дебар, туку и Гостивар, Штип, Охрид, Скопје… Економијата е во колапс, светот ги брои жртвите, а што прави владата? Прави стикери! Треба поголема сериозност на власта и итни мерки, истакнува Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега