Михајловски: Верувам во победата над овој невидлив непријател. Останете дома, читајте и гледајте театар онлајн
„Театарот е место каде што се отсликува животот со сите добри и лоши работи што тој ги носи со себе. Во театарот, за разлика од животот, мртвите стануваат да се поклонат на крајот кон публиката. Во животот тоа не е така. Господ те чува онолку колку што се чуваш и ти. Затоа е најдобро ние самите да го заштитиме своето здравје. Сега се потребни совесност, одговорност и посветеност. Само така ќе се однесуваме човечки и одговорно кон блиските и кон љубените, кон соседите и кон сите останати. Да извлечеме поука од минатото. Секогаш кога сме биле сложни, разумни и посветени- сме победувале. Верувам во победата над овој невидлив непријател. Останете дома, читајте, и гледајте театар онлајн. Македонија има сила и за оваа победа, затоа што секој живот вреди!“, изјави Тони Михајловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Прогресијата на ширење на корона вирусот добива на интензитет, но сите заедно можеме да влијаеме на намалување на бројот на новозаразени и степенот на ризик.
Затоа потребни е превземање на сет дополнителни итни мерки.
Матичните лекари да добијат јасни и унифицирани насоки на делување.
Да прегледуваат само итни случаи и хронично болни пациенти со висок ризик.
Сите лекари да се стават во функција на здравствениот систем и да се достапни за болниците и инфективните одделенија.
Да се обезбеди адекватна заштитна опрема за целиот здравствен персонал што ќе биде на првата линија на удар и ќе биде изложен на највисок ризик.
Да се активираат пензионираните лекари, специјализантите и студентите по медицина.
Во секој град да се обезбеди и прецизно да се дефинира објект или простор за задолжителен карантин.
Да се само изолираат и да се ограничи непотребното движење на сите лица постари од 65 години кои се со висок ризик, за да се зачува нивното здравје.
Сите констуктивни предлози и совети ќе бидат достапни преку нашата комисија за здравство.
Да се однесуваме дисциплинирано, смирено, одговорно и совесно. Затоа што секој живот вреди. Од сите нас зависи!“, рече д-р. Синиша Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа