Анкета: Русите се помалку му веруваат на Путин
Русите помалку му веруваат на рускиот претседател Пути, покажува актуелната анкета „Дојче веле тренд – Русија“.
Анкетата е спроведена на барање на руската редакција во Дојче веле.
Со анкетата биле опфатени 1.000 лица на возраст меѓу 18 и 65 години. Истражувањето е направено во руските градови со повеќе од 50.000 жители.
Над 54 проценти од анкетираните својот глас, на претседателските избори во март 2012 година, го дале за Владимир Путин. 27 проценти изјавиле дека гласале против него. Една година подоцна се покажува дека само половина од Русите сметаат дека повторниот избор на Путин и донел добро на земјата.