„Не одам нигде, а и Верица е во карантин“ - Марија Шерифовиќ за ситуацијата со коронавирусот
Српската пејачка Марија Шерифовиќ преку социјалните мрежи објавила што се нема да може да прави во наредниот период, односно што се ѝ пропаднало поради коронавирусот поради кој во Србија е прогласена вонредна состојба. Таа истакнала дека и нејзината мајка е во карантин, односно дека направила договор со фановите да бидат свесни и добри граѓани, додека сето тоа не помине.
„Океј...Ќе ѝ дадам неколку месеци на короната. Ќе се грижам за себе и за луѓето околу себе. Ќе носам маска и ракавици! Ќе мијам раце.Верица е во карантин. Јас нема да одам нигде. Ќе бидам добар граѓанин! И тоа ви го предлагам на сите вас! Бидете добри граѓани и цело ова лудило да заврши. Ако не бидете граѓани за пример, директно се замерувате со мене, а знаете дека тоа не е добро. Потоа поради вас нема да можам да одам во Америка, нема да можам во Венеција на руек и во Новента ди Плајев на пролетни попусти, нема да можам да пеам и да ги усреќувам луѓето, нема да можам во Шпанија на море, нема да може Хак непречено да врши нужда каде што ќе посака, нема да можам во Далмација на пршута и вино, нема да можам во Босна на ќебапи, нема да можам со друштвото да играм плејстејшн, Токио секако ми пропадна....Значи, се надевам дека сите се фино се договоривме.Бидете свесни и добри граѓани„ Ајде на здравје и без секирации“,заклучила таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа