Србија излезе од рецесија

Индустриското производство во Србија во првите три месеци од 2013 година нараснало за 5,2 проценти.

Последните податоци за БДП-то на Србија, обезбедени од националната статистичка агенција, беа интерпретирани од министерството како доказ дека српската економија излезе од рецесија.

Разработено по индустриски гранки, најголем пробив е постигнат во автомобилската индустрија, каде има трикратно зголемување. Значително зголемување е регистрирано во производството на нафтени производи, во хемиската и фармацевтската индустрија, како и во текстилниот сектор.