„Овој народ многу пати покажа дека е најсилен кога е најтешко“ - емотивна порака од Зорица Брнуцлик

 

Српската пејачка Зорица Брунцлик ги одлоѓила своите работни обврски па се обратила до јавноста по пат на социјалните мрежи, истакнувајчи дека сите ќе излеземе од ситуацијата како победници.

„Заедно делевме и добро и зло. Пеевме на мостови додека не посипуваа со бомби, но и на плоштади славевме празници и успеси на нашите спортисти. Со песна ги испраќавме старите и ги дочекувавме новите години надевајчи се на подобро, срца полни со убави желби едни за други, но заедно тагувавме, не штедејќи солзи, кога испраќавме некои други луѓе кои со своето присуство ги обележаа нашите животи. Без тука за вас и кога се веселевте, венчававте, крстевте, напредувавте во животот и кариерата, а уште повеќе кога имаше поплави, војни, бегалски колони, земјотреси, давајќи се од себе да не преземам макар дел од вашата мака“, рекла пејачката.

„Овој народ за време на тешка и бурна историја многу пати се покажа како најсилен кога е најтешко, и дека пред се го краси саможртвување, дисциплина, хуманост и љубов кон блиските. Сигурна сум дека така ќе биде и овој пат и дека од сето ова ќе излеземе како победници. Јас ќе дадам се од себе да на свој пример покажам и со своето однесување да допринесам за тоа. А, потоа, како и илјадници пати досега, ќе ве чекам заедно, со песна, да прославиме!. чувајте се ве молам. Ве сака, секогаш вашата Зорица“, порача пејачката и предизвика бројни емотивни реакции во јавноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега