Не внесувајте го коронавирусот дома: Соблечете ги чевлите и јакната во ходник, па изнесете ги на балкон

 

Многу граѓани од нашата земја, иако им е јасно како се пренесува коронавирусот, сепак не знаат што прво да направат кога ќе ја отворат вратата од својот стан или куќа по враќањето од работа или продавница.

Инфектологот, проф. д-р Жарко Ранковиќ од Србија, главен координатор за спроведување мерки во борбата против коронавирусот во Ниш, за Курир.рс вели дека сите кои можат да работат од дома, тоа и да го направат, а посебно ризичните групи - оние со кардиоваскуларни болести, лица кои боледуваат од малигни болести и дијабетес. Но, без оглед на тоа, не само тие туку и останатите граѓани мораат да одат на пазар и продавница по набавка.

-Од каде и да сте се вратиле, прво што ќе направите коа ќе влезете во станот или дома, треба веднаш да ги соблечете чевлите. Облечете влечки и изнесете ги јакната и чевлите на балкон. Потоа одете веднаш измијте ги рацете со сапун 20 секунди под топла вода. Потоа е добро да се пресоблечете, да облечете друга облека. Никако не се бакнувајте со децата и со останатите домашни - вели Ранковиќ.

Доколку одите на пазар или продавница, многу е важно да држите растојаните од првото лице до себе најмалку 1 метар.

-И тука важи правилото дека нема прегрнувања, поздравувања, ракувања или бакнувања со познаници и пријатели. Во продавница држете растојаните, а намирниците кои сте ги купиле спуштете ги во ходникот, измијте ги рацете, а потоа извадете ги од ќесето и ќесето фрлете го.

Како што докторот Ранковиќ советува, важно е да се дезинфицираат сите кваки во становите и куќите, посебно оние од влезната врата.

-Често дезинфицирајте ги и масите, работните површиниво кујната. Исто така, смукајте ги теписоните и бришете ги подовите. Доколкуте чувствувате симптоми, а знаете дека сте биле изложени на коронавирусот преку контакт со некој кој дошол од ризична земја или кој кој бил изложен на вирусот, јавете се на телефонските броеви кои владата ги наменила за пријава на симптоми - вели докторот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега