Лепа Брена во карантин со целото семејство: Ја дезинфицираа целата куќа

 

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ се во домашен карантин откако пред една недела се вратија од Монако каде поминаа три дена.

Веднаш по пристигнувањето во Србија им било измерена температурата како би се потврдило дали имаат коронавирус.

Иако резултатите биле негативни парот се затвори во својот дом во наредните 14 дена.

Таа ги повикала и своите синови да се вратат веднаш дома и да се самоизолираат и никаде да не излегуваат, пишуваат српските медиуми.

-Не треба да бидете во паника, но треба да бидете одговорни кон себе и кон другите. Вирусот се шири таму каде што не го сфатија сериозно и каде луѓето не се придржуваат на хигиенските услови и социјална култура вели Брена.

Пејачката додава дека целата нивна куќа е дезинфицирана.

 
 
 
View this post on Instagram

I love Miami

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on Feb 19, 2020 at 6:24am PST

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.03.2020 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега