Шурата на претседателот Иванов надвор од животна опасност

 

Братот на сопругата на претседателот Ѓорѓе Иванов, Сашо Тоневски, кој доживеа сообраќајна несреќа е надвор од животна опасност, пренесува Сител по потврдата од кабинетот на претседателот кој моментално е во посета на Кина.

Инаку, шурата на претседателот Иванов доживеа страотна сообраќајка кога со својот моторцикл изгубил контрола и удрил во столбовите на булеварот Мајка Тереза, при што веднаш бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, а сега се наоѓа надвор од животна опасност.

 

 

19.10.2013 - 13:45

најчитано сега