Алачки со роденденска честитка за ќерка ѝ: Седум месеци лежев неподвижна, во карантин
Со емотивна честитка, пејачката и водителка Адријана Алачки ѝ го честиташе 31. роденден на својата ќерка Грациела на својот Фејсбук профил.
„По седум месеци од мојот карантин во ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Лежев неподвижна во кревет седум мееци. Имав патолошка бременост, станав од кревет дури во деветтиот месец. Сега, кога велат дека треба да бидеме еден месец во карантин, мене не ми изгледа како долго време. По седумте месеци што ги поминав во кревет, денес си велам дека ништо не е тешко. Човекот е посилен од сѐ, ме водеше совесноста, упорноста и желбата своето дете да го донесам на свет“, изјави Адријана за Женски магазин порачувајќи на сите да бидат упорни и совесни, одговорно да се однесуваат кон своето здравје за доброто на сите.
„Овој период сум со син ми по дома, не одиме никаде. Само готвам по сто пати на ден“, кажа Алачки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа